The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Безвременскиот Chesterfield стил во својата 250 годишна историја секогаш бил синоним за елеганција, луксузен стил, мода и врвна изработка. Инспирацијата од овој легендарен англиски стил и ден денеска е присутна на најголемите светски модни писти и никогаш не излегол од мода.
Сепак, ние во The Chesterfield Brand, сакаме да ви понудиме повеќе од само низа висококвалитетни, убаво изработени чанти, паричници и кожни модни додатоци. Се стремиме да го земеме оригиналниот, иконски Chesterfield стил и од него да исткаеме нешто ново, нешто возбудливо, провокативно и луксузно за современата публика. Сакаме да ви го доловиме тој легендарен англиски дух и да го искористиме за да ви помогнеме гордо да ги подигнете главите и да ви ја разгориме имагинацијата додека самоуверено шетате низ градот со вашето ново модно парче.
Во The Chesterfield Brand никогаш не престануваме да се стремиме кон совршенството, бидејќи знаеме дека вие, нашите клиенти, не очекувате ништо помалку!
Каталог
Во The Chesterfield Brand, ова е типот на кожа кој најчесто го користиме. По пресување, кожата рачно се обојува со природни масла и восоци наместо вештачки бои и пигменти. Оваа завршница гарантира дека овие бои нема да останат на површината на кожата, туку ќе бидат вовлечени во нејзините пори, создавајќи природен винтиџ изглед. Како резултат на восочниот завршеток наместо прскање со вештачки вои, создадовме производ кој е многу издржлив и ги одржува својот квалитет и боја.
Овој тип на кожа е направен од биволска кожа. Кожата од бивол е генерално потврд тип на кожа, но во соработка со нашите кожарници развивме посебен процес на обработка, кој ја одржува еластична. Бидејќи со машинско прскање т.е. боење е можен само цврст краен ефект, овој тип на кожа рачно го прскаме во онаа боја која сакаме да ја добиеме. Ова и дава посебен ефект и прави да изгледа како да има 2 различни нијанси